Wine Vision by Open Balkan 2025 во Белград собра 535 излагачи од 34 земји. Во таква конкуренција, на Open Balkan Wine Trophy, Томино Шардоне освои платинест медал – досега највисокото признание за нашата винарија.
На истиот натпревар, бронзени медали добија и нашите Каберне Совињон и Мерло.
Ова признание им припаѓа на сите што работат со нас – од лозјето до визбата – и на сите кои го пробуваат и препорачуваат нашето вино. Ви благодариме!

