Wine Vision by Open Balkan 2023 се одржа во Белград со над 600 излагачи од 28 земји. Виното го оценуваше меѓународно жири од 30 судии, меѓу кои пет Master of Wine.
Во оваа конкуренција, „Томино“ освои две златни медали – за Мерло Барик и за Каберне Совињон – и сребрен медал за Мерло.
За мала семејна винарија ова е голема потврда дека вложениот труд и посветеност во лозјето и визбата се препознаваат и на меѓународно ниво.

