Tomino Family Vineyards

Семејна приказна преточена во вино

Вино со врвен квалитет, произведено од рачно берено грозје од кумановското виногорје, во ограничени количини.

Нашите вина

За нас

Секое семејство има своја приказна – ние имаме и свое вино

Нашите предци одгледувале лоза и правеле вино за своите гости. Таа љубов повторно заживеа во последната деценија – со нови лозови насади, соработка со стручњаци од лозарството и винарството и многу труд вложен во секој грозд. Резултатот се вина со полнота, хармоничност и питкост, наградени на регионални и меѓународни натпревари.

8
вина во асортиманот
2
големини: 0,75 L и 0,375 L
Платина
Wine Vision 2025
Нашата приказна

Кумановско виногорје

Од лозјето до чашата

Со многу вложен труд, посветеност и љубов внимаваме секој грозд да се преточи во чаша квалитетно вино. Сезоната на гроздобер за нас е прошетка низ лозјето, дружба со пријателите и чувство кое секој што пробал го знае.

Контакт

За ресторани, продавници и дистрибутери

Вината на Томино за вашиот бизнис

Побарајте понуда за ресторан, хотел, винотека или настан. Нашите вина се достапни и во Австрија преку наш увозник и дистрибутер во Виена.

Побарајте понуда

Зошто Томино

Мала винарија, голема посветеност

Семејна традиција

Љубовта кон виното се пренесува со генерации во нашето семејство.

Наградувано вино

Томино Шардоне

Платинест медал на Open Balkan Wine Trophy 2025 и сребро на Balkans International Wine Competition 2024.

Погледнете го виното

Барик серија

Шардоне и Каберне Совињон зреени во дабови буриња.

0,75 L и 0,375 L

Повеќето вина се достапни во две големини на шишиња.

Достапно и во Австрија

Увозник и дистрибутер во Виена за австрискиот пазар.

Признанија

Награди за нашите вина

  • Платина – Шардоне, Wine Vision 2025
  • 2× злато – Wine Vision 2023
  • Сребро – Шардоне, BIWC 2024
  • Злато – Шардоне, млади вина 2021

Од визбата

Новости