Кое вино Томино со која храна?

Краток водич за спојување на нашите вина со храна – од лесна летна вечера до свечена трпеза.

Blog 2

Не постојат строги правила, но неколку совети ќе ви помогнат виното и храната да се надополнуваат.

  • Шардоне и Темјаника – ладни, со риба, морски плодови, салати и лесни јадења.
  • Шардоне Барик – со риба во сос, морски плодови и кремасти јадења.
  • Мерло – малку ладно или на собна температура, со тестенини, печено месо и зрели сирења.
  • Вранец, Каберне Совињон, Каберне Барик и купажот – на собна температура, со печено месо, традиционални и срдечни јадења и зрели сирења.

Шишето од 0,375 L е одличен избор кога сакате да пробате повеќе вина на една вечер. А најважното правило: пијте го она што ви се допаѓа!