Не постојат строги правила, но неколку совети ќе ви помогнат виното и храната да се надополнуваат.
- Шардоне и Темјаника – ладни, со риба, морски плодови, салати и лесни јадења.
- Шардоне Барик – со риба во сос, морски плодови и кремасти јадења.
- Мерло – малку ладно или на собна температура, со тестенини, печено месо и зрели сирења.
- Вранец, Каберне Совињон, Каберне Барик и купажот – на собна температура, со печено месо, традиционални и срдечни јадења и зрели сирења.
Шишето од 0,375 L е одличен избор кога сакате да пробате повеќе вина на една вечер. А најважното правило: пијте го она што ви се допаѓа!

